Што се случува со откупната цена на пченицата ?!

Дали цената на пченицата ни подготвува поскапување на лебот? Ова е прашањето што неминовно се наметнува откако откупната цена на пченицата повторно почна да варира.

Вообичаено, цената на пченицата варира под влијание на познатите фактори, како принос, квалитет и увоз. Сето тоа придонесува за повремено покачување на нејзината цена што на крајот се рефлектира врз корекција на цената на крајниот производ, односно лебот. Но, овие фактори во овој период не се до тој степен присутни за да го имаат својот импакт врз откупната цена на житото. Последната сеидба беше одложена заради сушата и тоа се очекува да се одрази врз приносот на житните култури. Првичните проценки се дека приносот ќе биде намален за 60 до 70 отсто. Дополнително, годинешниов принос ќе се одрази и на самиот квалитет на пченицата којшто не се знае каков ќе биде се до месец мај кога земјоделците ќе почнат да аплицираат за субвенции. Неизвесно е и дали заради намелениот принос ќе се прави интервентен увоз на пченица, што исто така ќе се одрази врз откупната цена на домашната пченица.

Последното поскакување на лебот кај неколку помали производители се должеше на поскапувањето на пченицата на берзата и порастот на цената на брашното. Исто така, пченицата како берзански производ подложна е и на промени на цената под влијание на цените на енергенсите и горивата.

 

Следи период кога ќе започне субвенционирањето, а со тоа се очекува и стабилизирање на откупната цена на пченицата. Но сепак се поставува прашањето дали пекарската индустрија е пред нов предизвик – ќе се зголемува ли цената на лебот со зголемувањето на откупната цена на пченицата и колку пекарите ќе успеат да се спротивстават на ова со вештачко одржување на цената на лебот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави