Девојче се самоубило по расправија со мајката си поради мобилниот телефон
Девојче (9) се обесило во стан во Бронкс по кавга со мајка си заради телефон. Хевен Вега се обесила во својата соба во саботата околу пладне.
Детето околу вратот си врзало ремен и се обесило од креветот, а мајката кога влегла во собата затекнала ужасна глетка. Претходно тоа утро, мајката и ќерката се карале околу употребаат на мобилен телефон.
„Девојчето се разбудило и сакало да гледа ЈуТјуб на телефонот. Мајката и забранила и и рекла дека е премногу рано“, додаде тој. Првата соседка Зораида Иризари истакна дека мајката се обвинува себеси за трагедијата и не може да си прости што го карала и навредувала девојчето.
„Не можам да замислам низ што поминува мајката сега. Еден мој пријател зборуваше со Џенифер и таа смета дека тоа било нејзина грешка“, вели таа.
Вознемирената мајка повикала полицијата, откако ја нашла ќерка си мртва во соба. Еден од нејзините браќа се обидел да ја оживее, додека не стигнала итната помош.
„Можев да ги слушнам низ ѕидот како плачат и повикуваат помош“, рече Зораида.
„Вчера утро ја слушнав постарата сестра како ја вика сестрата со нормален глас, кој одеднаш премина во вресок“, додаде таа.
Девојчето е однесено во блиската болница, но не успеале да ја спасат. Не е познато дали оставила проштална порака. Соседите од зградата велат дека Хевен била најмлада од четирите деца и се присетуваат дека сите деца седеле во претсобјето и гледале во телефоните.
„Не разбирам. Секогаш беше насмеана“, објасни Зораида.
Целата заедница е шокирана од смртта на девојчето.
„Незнам како нејзината мајка ќе ја поднесе оваа ужасна трагедија и да функционира после се“, додаде таа.