Нова улица кај висококатниците во Општина Аеродром

Се гради нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците во Општина Аеродром.

Како што соопштија од општината, досега се изведени околу 250 метри, а Град Скопје треба да обезбеди влез од булеварот „Србија“. Улицата е широка 12 метри, има четири ленти и тротоари од двете страни со широчина од по два метра.

Исто така, изведени се фекална и атмосферска канализација, како и улично осветлување.
Оваа улица се очекува дополнително да го растовари сообраќајот во тој дел од Општина Аеродром.

Треба да знаете
Последни објави