Дипломатско-конзуларната мрежа на Србија треба оваа година да биде проширена со уште седум нови претставништва на Карибите, во Јужна Америка и на Далечниот и Блискиот Исток, пишува „Вечерње новости”.
Србија ќе отвори нови канцеларии во Тринидад и Тобаго, Суринам, Венецуела, Виетнам, Папуа Нова Гвинеја, Ерменија и Палестински територии.
Весникот пишува дека „при изборот на дестинација за нови дипломатски претставништва, најмногу се водела сметка за реализација на една од најзначајните надворешно-политички цели на Србија – зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата”, така што станува збор за земји, кои или не ја признале независноста на Косово или го повлекле признавањето.
Србија во моментов има 69 амбасади, седум постојани мисии и 24 конзулати.