Римскиот аеродром, „Чампино“ е затворен денеска поради пожар на терминалот, соопшти управата на тој аеродром, пренесе „Ројтерс“.
„Аеродромот е затворен од претпазливост“, рече портпаролката на компанијата „Аеропорти ди Рома“.
„Ројтерс“ наведе дека аеродромот го користи нискобуџетната авиокомпанија „Рејнер“.