Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја искажа неговата намера да го повлече клубот од понатамошно натпреварување во Купот на кралот, во знак на протест против погрешните одлуки кои судиите ги донесоа во неделното финале против Барселона.
Според Перез, судиите и нивните одлуки се главните причини за поразот на Реал Мадрид во финалето на кошаркарскиот Куп на кралот. Поради тоа, тој побара судиите да бидат казнети и никогаш повеќе да не добијат дозвола да судат натпревари на Реал Мадрид.
Судиското трио составено од Хуан Карлос Гарсија Гонзалез, Мигуел Анхел Перез Перез и Бенџамин Хименез остави многу простор за критика, бидејќи нивното судење беше во најмала рака дискутабилно. Во последните неколку минути се случија неколку одлучувачки ситуации поради кои Флорентино Перез и навивачите на Реал Мадрид беа разлутени: најпрво, судиите не досудија фаул под кошот за Реал иако ја прегледуваа снимката и на неа јасно се гледаше дека постои фаул. А потоа, во последната секунда од натпреварот, беше досуден буквално непостоечки фаул над капитенот на Барселона, Анте Томиќ, при резултат од 93:92 за Реал Мадрид. На крајот, Барселона победи, Реал Мадрид си замина поразен, а навивачите на „кралскиот клуб“ беа неверојатно лути на судиите.