Поранешниот италијански репрезентативец и екс член на Интер, Матео Матераци верува дека ќе биде голема катастрофа и огормен неуспех за Јувентус ако во оваа сезона не успејат да ја освојат Лигата на шампионите.
Клубот од Торино во оваа сезона го има и Кристијано Роналдо, па според многумина „бјанконерите“ се обврзани да го направат тој исчекор и да ја освојат европската титула по пауза од 23 години.
-Јуве е силен секоја година и има опсесија дека мора да победи во Лигата на шампионите. Кога ќе освоите многу во Италија, треба да направите уште еден чекор и дополнителниот чекор се вика Лигата на шампионите. Оваа година тие го земаа Кристијано Роналдо кој е неспоредлив на европско ниво, па мислам дека ЛШ е нивна прва цел. Во Италија, никој не може да го предизвика Јувентус за Скудетото. Ама ако не ја освојат Лигата на Шампионите, мислам дека тоа ќе биде неуспех. Кога ќе ги земете во предвид најсилните во светот, заедно со Меси, со право се очекува титулата. Ако победат, ќе им честитам како Италијанец. Меѓутоа не ме терајте да навивам за нив, -порача Матераци.