Почина лавицата во Зоолошката градина

Лавицата која 20 години престјуваше во Зоолошката градина-Скопје почина по малиген тумор кој започнал да се развива на лицето и метастазирал низ целото тело.

Како што соопшти Зоолошката градина, тие уште во септември добиле препорака за еутаназија, но одлучиле да не се откажуваат од борба. Врз лавицата биле направени неколку операции за отстранување на туморот, но секојпат се враќал се поинванзивен.

Дијагнозата беше малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана“, велат од Зоолошката градина.

Во нејзина чест знамињата пред Зоолошката градина ќе бидат спуштени на половина копје.

Треба да знаете
Последни објави