Првото соочување помеѓу Џошуа и Милер на раб на инцидент

Тешката категорија во боксот отсекогаш привлекувала најголемо внимание, а таков е случајот и со закажаната борба помеѓу Ентони Џошуа и Џарел Милер, која ќе се одржи на 1 јуни во Њујорк.

Двајцата боксери се сретнаа за првпат откако беше закажан дуелот, и нивното соочување помина со многу тензии и меѓусебни провокации, но без посериозен инцидент.

Милер го провоцира Џошуа од многу одамна – често доаѓаше на неговите прес-конференции и се обидуваше на секој можен начин да му го привлече вниманието, а на крајот сето тоа му се исплатеше бидејќи успеа да договори борба и со евентуална победа би можел да освои дури четири појаси.

Веќе на првото соочување, Џарел Милер го бутна неговиот противник очекувајќи поголема реакција, но шампионот само мирно ја проследи ситуацијата, притоа вербално „чепнувајќи“ го Милер.

„Милер е мала кучка која ќе ја уништам. Удира како мало девојче“, рече Џошуа на првата средба помеѓу двајцата боксери.

Од другата страна, Милер упати неколку тешки навреди кон Ентони Џошуа, а го нарече и „Чичко Том“ – поим кој се користи како навредлив за афро-Американците кои се одрекле од своето потекло и обичаи за да бидат прифатени од некоја друга група на луѓе.

Цената на влезниците варира во однос на местото во арената. Најевтините можат да се најдат за 93 евра, додека најскапите стигнуваат и до 2.200 евра.

Треба да знаете
Последни објави