Христијан Мицкоски веднаш рипна да го брани неговиот шеф – осудениот криминалец и бегалец Никола Груевски. Тој се стави во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27-ми април, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Дваесет и седми април е најтрагичниот датум во историјата на нашата држава. Ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Мицкоски денеска застана зад нападот на уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Очигледно исфрустриран од сопствената безидејност, од загубената поддршка кај граѓаните и немоќта да го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Затоа Мицкоски се заканува кон судии и обвинители, се меша во судството, зборува за убиства“, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.
Од партијата додаваат дека не е Мицкоски тој што треба да кажува кој е виновен, а кој не од белиот дворец, туку судот и надлежните институции.
„Република Северна Македонија е правна држава. Сите оние кои биле извршители и нарачатели крвавите настани на 27-ми април, мора да понесат одговарност согласно законите, низ транспаретна судска постапка.
А, за тоа кој е готов, на кому му отчукува часовникот и кој паѓа ќе видиме мноу брзо. Еве ги претседателските избори Мицкоски и нема бегање, те чека пораз, твоите нервозни реакции нема да се спасат. Можеш да размислуваш за оставка во сопствената партија“, се додава во реакцијата на СДСМ.