(Видео) Еден поинаков полицаец, се грижи за безбедноста на децата, им црта и игра со кукли со нив
Мотото на еден полициски службеник од Вирџинија е: ,,Да се заштити и да служи – а потоа да се игра со кукли”. Полицаецот од полициската станица во Саут Хил, C.B. Флеминг, ги освои симпатиите на сите и доби бројни пофалби откако се појави видео на социјалните мрежи на кое тој лежи на земја заедно со група деца и игра со нив.
На Денот на вљубените Флеминг реагирал на повик за истекување гас во станбен комплекс и откако областа била безбедна, тој одвоил неколку минути за да си поигра со децата пред да се врати на работните обврски.
„Му кажував дека мојата ќерка, мојата внука и некои други деца тука се плашат од полицајци”, изјави Еша Ропер Босвел, кој го сними видеото. „Па така, кога тој дојде го снимив видеото како си игра со децата, не затоа што мислев дка ќе стане вирално туку бидејќи се изненадив што мојата внука не заплака од страв”, вели таа.
Полицаецот Флеминг им ги покажал своите уметнички вештини со боење со некои од момчиња, па дури и играл и со кукли со девојчињата.