Груевски под истрага за „27 април“, а на Фејсбук постира видеа од интервјуто за „Пинк“

Поранешниот премиер Никола Груевски е меѓу петмината осомничени дека ги организирале немирите во Собранието за време на „крвавиот четврток“ за кои се товарат и Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.

Тројцата се приведени денеска, а груевски од Будимпешта на својот Фејсбук профил постира видео од интервјуто за телевизија „Пинк“.

Груевски за време на судскиот процес беше посочен како организатор на протестите. Тоа во завршните зборови го кажа и обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на заштитен сведок.

https://www.facebook.com/NGruevski/videos/248385326112350/?__xts__%5B0%5D=68.ARBon7RG5prh2MgScqithISRMejwGxYkdHad_Bx4HXNopr1i44FdGjQoglfVnkctg416wWAtyCdQllzOd20pJ5IOS2PiQf6tN3s9P2J6Cl0_OdtflOjI66j2xAu82aqaR2xHMfv17gs2QIte9KPR5pZj21rf7eKZRMP57N8Q10s-3pnOn5UuVyFnI9cjhZpa-WvfwyzWc_oWgt6FgDTtfhAdZcaWV7LWmHXE97tvd4e7zpbc7jrFSi98otg_znBO0FwUDh2_doR1zXGNHfG3CMklUtB-nCGY_FIXKTuhcBEdPCisXMTw4bK_soJQHvhthtUmj45Kuhya4-t0g-6tqItv0LKA2A&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави