Ким ќе патува неколку дена со воз до Виетнам на самитот со Трамп

Виетнам се подготвува за самитот што следната недела ќе се одржи меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Според информациите, Ким треба да патува преку Кина со воз цели два ипол дена. Ќе помине илјада километри од Пјонгјанг преку Кина до Ханој, што значи дека ќе тргне неколку дена пред самитот. На виетнамската граница ќе се качи во автомобил, пренесуваат светските медиуми.

Неговиот воз ќе застане на виетнамскиот граничен премин Донг Данг, каде ќе го напушти возот и останатите 170 километри од патот ќе ги помине во автомобил, објаснуваат анонимни извори.

Три извори блиски до настанот, рекле дека веќе постои преферирана локација за самитот од 27 до 28 февруари, а тоа е резиденцијата на виетнамската Влада од колонијалната доба во центарот на Ханој.

Според изворите, планот и програмата може да се менува, пренесе „Хина“.

Треба да знаете
Последни објави