Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска повторно апелираше до меѓународната заедница на Русија да и се одземе правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации за прашањата поврзани со „руската агресија врз Украина”.
Порошенко, обрајќајќи се пред Генералното собрание на ОН, истакна дека мировната операција под мандат на ОН би можела да биде пресудна за завршување на судирот со проруските сили во источна Украина и го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да испрато мисија која би понудила опции.
Украинскиот претседател наведе дека Киев е подготвен да разговара за мултинационална операција со „јасна цел за завршување на руската агресија и за обнова на украинскиот суверенитет”.
Порошенко ја обвини Русија дека води „необјавена војна” и додаде дека можеби е време меѓународната заедница „да ја стави Русија на место” почнувајќи од тоа што ќе и го ускрати на Москва правото на вето во СБ на ОН за „руската агресија врз Украина”.