„Беше гола. Нејзиното тело беше свиткано во колена, а рацете покрај телото. Не видов ниту една рана. Косата ѝ беше добра. Беше дури и црвена во лицето. Но само на неколку минути го кренав капакот од замрзнувачот и го затворив. Никогаш не сум видел такво нешто“.
Ова за Јутарњи лист го раскажал сведокот на увидот во куќата на семејството Доминиќ во Меѓимурје, каде беше пронајдена мртва Јасмина (23) 19 години по исчезнувањето.
Да биде мистеријата уште поголема, се дознава дека студентката последен пат била видена кон крајот на 1999 и почетокот на 2000 година, но нејзиното исчезнување било пријавено дури во 2005 година.
За убиството е осомничена нејзината сестра Смиљана, која со два удари со непознат предмет ѝ го скршила черепот. Полицијат треба да утврди дали за злосторството знаела нивната мајка, која денеска дошла о Германија каде живее. Таткото е починат повеќе години, иако според соседите, се сомневал дека Смиљана е одговорна за исчезнувањето на Јасмина.
Телото го открил сопругот на Смиљана кога поради прекин на струјата почнал да се топи мразот и да мириса замрзнувачот.