Туристи наидоа на изненадување: Камерите снимија бел крокодил долг 3 метри
Туристите кои шетале низ австралиската Северна територија забележале мошне необична глетка.
Во реката Аделејд забележан е бел крокодил, кој дури има и прекар Перл (Бисер).
Еден од сведоците вели дека рептилот е долг околу 3 метри.
Инаку неговата бела боја предизвикана е од хипомеланизам, односно отсуство на пигментот меланин.
Локалните веруваат дека овој крокодил е во „роднинска врска“ со уште еден кој е убиен во 2014 година откако убил еден рибар.
Повеќето крокодили кои живеат во Австралија се со сивкаста или зелена боја што е клучно и за камуфлажата.