Лион и Барселона синоќа одиграа без голови на првиот осмина-финален натпревар од Лигата на шампионите, а голема заслуга за тоа има голманот на гостите.
Мартин Териер во 10-та минута биеше силно и кога сите помислија дека топката ќе заврши во голот на гостинската екипа, голманот на Каталонците, Марк Андре Тер Штеген со неверојатна реакција го сочува својот гол.