Триесетипетгодишниот Горан Атанасовски од Скопје е пријавен за исчезнат, потврдуваат од МВР.
Според информациите на семејството тој е последно виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај трговскиот центар „Беверли хилс“, од каде заминал накај Бриколаж во сиво металик „волфсваген поло“, со регистрарски таблици СК-3104-АО.
Тој бил облечен во кошила и панталони, а семејството моли за помош за негово пронаоѓање.
Пријавување на 072-224-522