Кривични за незаконско издавање на дозволи за користење на терасата на ТЦ „Бисер“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(64), Д.Ј.(66) и Д.В.(46), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353,  а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Според полицијата, А.И. и  Д.В., управители на Друштвото за услуги и трговија „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ од Скопје и Д.Ј., Претседател на „Здружение на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер “ од Скопје, во периодот од 2013 до 2018 година, сукцесивно во повеќе наврати, во име и за сметка на Друштвото, како закуподавач, склучиле Договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформата- терасата“ со 16 фирми- закупци за вршење дејност надвор од деловен простор за различен временски период, површина и цена за користење на просторот по метар квадратен, иако знаеле и биле свесни дека Друштвото не е сопственик на површините кои се предмет на склучените договори за давање под закуп.

Врз основа на склучените договори и по основ закупнина правните лица на сметка на ДУТ „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ Скопје уплатиле вкупно 10.052.285 денари. Првопријавената во вкупно 36 наврати склучила исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса со 12 правни лица како закупци. Второпријавениот во два наврати склучил договори, додека третопријавениот сукцесивно во вкупно девет наврати склучил исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса.

 

Треба да знаете
Последни објави