Со завршни зборови на четворицата последнообвинети за „крвавиот четврток“ продолжи судењето за овој процес. Обвинетиот Влатко Трајковски, правнук на Мирче Ацев, потенцираше дека долго време размислувал во ќелијата „22“ во Шутка каде згрешил.
-Тоа е дека сум се нашол на погрешно место во погрешно време. Правнук сум по мајка на Mирче Aцев, а по татко на војвода. Во мојата одбрана кажав се, сега ќе бидам краток и јасен. За да се направеше тоа што се случи на 27 требаше да постои цел. Тоа немаше воопшто да се случи и да бидеме обвинети ако не се отвореа влезните врати во Собранието, а сите видовме и судот виде дека вратите ги отвори Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а по наредба сите знаеме чива, на тој што порачуваше „полици за во село“(Трајко Вељановски). Ги приведоа и ги исплашија дека ако не гласаат ќе бидат осудени на 15 години затвор. Прво ги пуштија во куќен притвор, а кога треба ќе да глаасат на слобода. Тогаш сфатаив дека во оваа држава има луѓе недопирливи за овој закон, рече Трајковски.
Според него, обвинетиот Стефан Младеновски во својата одбрана кажал дека влегол во собранието како и сите други и ја кажал вистината која сите не интересира, кажал кој го организарал сето ово.
-Од неговото излагање дознавме многу работи, но едно не кажа, она што тој лично го сторил во Собранието, но го кажа пратеникот од СДСМ Хари Локвенец, кој беше повикан како сведок и оштетен од обвинителството. Тој рече” кога излегов од прес салата број 3 бев нападнат од лице со фантомка кој со тупаница ми ја пукнал аркадата” тоа лице е Стефан Младеновски и тој е амнестиран. Лицето Захарие Симоски даде увид и слични кажувања на Стефан, но кажа дека му се јавил Дејан Дешо и му рекол земи го „тоа“. А тоа било пиштол, кој наводно му го дал обвинетиот Александар Василевски Нинџа. Откако влегол и тој во собранието се упатил кон прес салата каде биле пратениците од СДСМ. Чул истрел и се фатил за пиштолот. Го молам судот да ми каже со која намера влегол Захарие Симовски со пиштол во Собрание. И тоа лице е амнестирано, вели Трајковски.
Тој потенцира дека е обвинет оти ја урнал заштитната ограда пред Собранието и дошол до вратата па со туркање, удирање и кршење сакал да ја отвори.
-Зошто обвинителството не ги даде сите снимки од влезните врати и ќе видевте во колку часот сум влегол со кого и како. Откако влегов во собранието, немав престава ашто се случува внатре, а потоа сите видовте дека јас сето време сум сам, а не како штп вели обвинителството дрка сум бил повикан да авлезам. Нема ниту еден документ за мене дека со некого сум разговарал од обвинетите овде, рече Трајковски.
Даниела Вељановска