Во Зоолошката градина во Скопје, започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“.
Како што информираат од зоолошката, од утринава екипи на „Улици и патишта“ и „Водовод и канализација“, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не било исчистено повеќе од 13 години. Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера“, изјави директорот Ѓорги Галетановски.