Таа напиша дека нејзиниот сопруг побарал да биде отповикан од унапредувањето, а нејзиниот брат се откажал од ангажманот на определено во РЕК Битола. Стојчевска не кажува за вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ.
„Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик–командир работи од 1998 година, уште на 14 февруари побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево“, истакна Стојчевска.
Во однос на нејзиниот брат, Целе Велевски таа вели дека тој преку Агенција за привремени вработувања бил ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, но се откажал од ангажманот.
„Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно“, нагласува пратеничката.