Габичките на стапалата можат да бидат вистинска непријатност и колку и да се борите со нив постои можност тие пак да се вратат. Пробајте со оваа, не толку обична, купка.
Кој би рекол дека во ваква ситуација може да ви помогне лукот. Дознајте како…
1. Подгответе: 100 чешниња лук (изгледа многу, но се исплати), 100 гр свежи листови од жалфија, 2 шолји јаболков оцет
2. Ставете ги исчистените и исецкани чешниња лук и жалфијата во голема тегла и додадете го јаболковиот оцет, покријте ја мешавината и оставете ја на собна температура еден месец, привремено мешајќи.
3. Третманот применувајте го така што во голем лавор ќе ставите топла вода и 5 лажици од смесата, Натопете ги стапалата во водата со додадената мешавина и киснете ги така 15 минути 3 пати неделно.
Оние кои го имале проблемот со габичните инфекции на стапалата и го пробале овој рецепт велат дека се излекувале засекогаш.