Таа оцени дека насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите.
Дескоска вели дека побарала целосно информирање од страна на управата на затворот и очекува надлежните институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.
Претходно денеска во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари дошло до тепачка во која биле вклучени екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Јанакиески беше префрлен во болницата „8-ми септември“, а потоа вратен во затворот. Директорот на болницата, Христијан Костов предмалку изјави дека по прегледите кај Јанакиески не биле евидентирани повреди.
Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30-дневен притвор бидејќи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.