Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио, зад кое стојат актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста поради вината за насилството од 27-ми април“, рече Костадинов.
Според Костадинов денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8-ми Септември“ е театар, а доказ за тоа е тоа, како што рече, е што Јанакиески не бил повреден. СДСМ го осуди инцидентот и оцени дека сценариото на ВМРО-ДПМНЕ не успеало поради брзата реакција од страна на надлежните.