Министерството за правда упати остри осуди за денешниот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, каде беа повредени екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Од Министерството изразија очекување дека ќе бидат санкционирани сторителите на насилството, но и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.
Воедно, бараат и очекуваат сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.