Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска на прес конференција ги соопштија деталите од предистрагата за осомничените, кои го организирале упадот во Собранието од 27 април и за кои од вчера почнува истрага.
Според Русковска, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско интервју ги повикал граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата структура на таа политичка партија. Има и пораки од телефонска комуникација – дел се обезбедени, на дел се уште се работи.вКординатори биле осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Обвинителката рече дека ќе биде доставено барање за екстрадиција до судот за Никола Бошкоски, кој избега во Грција и очекува тој да биде екстрадиран во Македонија откако ќе заврши постапката, бидејќи амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов не се однесува за ова кривично дело.
Во оваа истрага ќе биде опфатен и ексдиректорот на УБК, Влaдимир Атанасовски, кој се наоѓа во притвор во Шуто Оризари.
Државниот обвинител Љубомир Јовески на новинарско прашање дали Билјана Бришкоска-Бошковски, која обвинетите за крвавиот четврток ја посочија како координатор на активностите, била повикана на распит за овој случај, рече дека во оваа фаза осомничени се само пет лица, а доколку истрагата се прошири и се обезбедат докази, може да бидат опфатени и други лица.
На прашањето зошто Груевски не бил повикан на распит, иако уште во март лани кога беше објавено обвинението за 27 април бил споменат телефонскиот разговор од Виена, Јовески одговори дека обвинителството смета дека во овој специфичен и сложен предмет му требаа повеќе докази и откако оебзбеди, отвора истрага. Во тој момент ОЈО сметало дека со тој распит немало да со добие ништо и затоа тоа лице не е повикано ни како сведок ни како лице од кое се бара појаснување.
На новинарско прашање, дали смета дека доколку вратите не биле отворени, немало да се случи крвавиот настан, Рускоска изјави.
-Јас сметам дека доколку не беа отворени, вратите немало да се случи крвавиот настан.