Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак ќе потпише нов договор со „јорганџиите”, објавија шпанските медиуми.
Двете страни постигнаа договор, а официјалната објава ќе се случи следната недела. Актуелниот договор на 26-годишниот голман е до 2021 година со клаузула за откуп од 100 милиони евра.
Новиот договор ќе му овозможи на словенечкиот репрезентативец да заработува помеѓу 10 и 12 милиони евра годишно.
Неговата клаузула за ослободување сигурно ќе се зголеми, со износи помеѓу 150 и 200 милиони.
Заминувањето на Диего Годин и Филипе Луис во текот на летото ќе му овозможи на Атлетико да потроши повеќе пари на Облак.