Оскаровката Гвинет Палтроу поднесе контра тужба против човекот кој ја тужеше поради несреќата за време на скијање во 2016 година, во која таа наводно го удрила, пренесе Би-би-си.
Минатиот месец, 72-годишниот Тери Сандерсон ја тужеше Палтроу, и бараше отштета од 3,1 милиони американски долари, бидејќи, како што рекол, актерката го удрила на скијачка патека во Јута, оставајќи го со повреда на мозокот и скршени ребра.
Според случајот на Палтроу, тој е виновен а неговата тужба е обид да се искористи нејзината славна личност и богатството. Таа бара симболична сума од 1 долар за отштета.
Во тужбата на Сандерсон се наведува дека актерката скијала без контрола, кога го погодила од позади на падините за почетници.
Тој рекол дека бил турнат во снегот и паднал во несвест, со мозочна повреда, краткотрајно губење на меморијата и четири скршени ребра.
Исто така нагласил дека доживеал промена на личноста.