Папата Франциск денеска го отвора четиридневниот самит во Ватикан за борба против сексуалната злоупотреба на деца од страна на свештеници, на кој треба да учествуваат лидерите на околу стотина бискупии од сите континенти.
Настанот е организиран како одговор на новиот бран скандали во САД, Чиле и други земји. Жртвите на злоупотреба бараат на собирот да се договори конкретен акциски план за борба против педофилијата.
Папата, кој побара од бискупите, пред да дојдат во Рим, да разговараат со жртвите на злоупотреба во своите епархии, се обиде да ги намали очекувањата дека на бискупскиот собир ќе се пронајде лек за сè.
Целта на конференцијата е поттикнување на свеста за глобалниот феномен на сексуална злоупотреба на малолетници во Црквата, наспроти тоа што многу во Африка, Азија и на Блискиот Исток го негираат тоа и педофилијата која меѓу свештенството се нарекува „западен проблем”