Авион на компанијата „Вирџин Атлантик“ на лет од Лос Анџелес до Лондон достигна брзина од неверојатни 1.289 километри на час во понеделникот навечер, летајќи над Пенсилванија, а со помош на силните ветрови.
„Никогаш не сум видел нешто слично во целата моја кариера“, напишал на својот твитер-профил Питер Џејмс, капетанот на патничкиот авион, а пренесе „Вашингтон пост“.
Вообичаената брзина на авионот „боинг 787-9“ е околу 900 километри на час.
Благодарение на помошта од мајката природа, летот пристигнал во Лондон 48 минути порано од предвиденото и летал побрзо од звукот, пренесе вашингтонскиот весник.