Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, јасно стави до знаење дека нема да избрзува со враќање на ѕвездата на тимот, Хари Кејн во игра. Аргентинскиот стратег изјави дека тој ќе одлучи кога англискиот репрезентативец повторно ќе се врати на теренот во официјален натпревар.
Дваесет и пет-годишниот Кејн ги пропушти последните 7 натпревари за својот тим поради повреда, но неодамна продолжи со редовни тренинзи. Сето ова им даде надеж на навивачите дека ќе го видат во акција уште оваа сабота против Барнли на „Трф Мор”.
Ако тоа се случи, ќе треба да се земе предвид дека опоравувањето на играчот помина неочекувано брзо. Тој првично се очекуваше да одмора до средината на март.
Почетино сепак цврсто изјави дека неговата оценка за најсоодветниот момент за враќање нема да биде под влијание на мислењето на играчот.
– Не ми е грижа дали сака да игра или не. Ќе одлучам со мојот штаб и со клубскиот доктор, како и со помош на одделот за спортски науки. Ако сте го прашале пред 10 дена, тој би рекол дека е подготвен. Последниот збор, сепак, секогаш е мој. Јас преземам ризик со одлука, во името на тимот, изјави 46-годишниот Полетино.
Не за првпат Кејн покажа тенденција брзо да ги надминува повредите, па Почетино си дозволи да го опише како „животно”.
– Тој не е пред распоредот, но Хари е животно – тој сака да биде подготвен што е можно поскоро. Хари се потруди да се опорави. Повредата што ја има е тешко да се надмине, но во овој случај има добри шанси. Кога повредата е сериозна, ситуацијата е сосема поинаква. Ние сме толку среќни што тој беше фантастичен во изминатите 10 дена, тренираше, за повторно да биде на линија. Ова ќе има огромен ефект врз сè, рече уште тренерот на лондонскиот тим.