Машки труп бил пронајден околу 13 часот во скопско Нерези во бездна покрај патот, а во близина и автомобил „фолксваген поло“, потврди МВР. Телото по наредба на обвинител е дадено на обдукција.
Идентитетот засега не е познат.
Во медиумите се шпекулира дека телото е на исчезнатиот скопјанец Горан Атанасовски (32) кој бил пријавен за исезнат вчера со својот автомобил „поло“.
Последен пат бил виден кај ТЦ„Беверли Хилс“.
Според неофицијални информации, автомобилот не бил истумбан.