Противниците на брегзит ја тролаат Меј со огромни билборди во Брисел

Непосредно пред значајниот состанок на ЕУ во Брисел, џиновски билборд во центарот на градот ја изложи антибрегзитската изјава што Меј ја даде во 2016 година, направена да изгледа како еден од нејзините твитови, пренесува РТ.

Случајните минувачи вчудовидени го читаа масивниот дигитален билборд над плоштадот Де Брукер“ во центарот на Брисел. Иако избраниот твит е лажен, тој бил создаден со користење на зборови на Тереза ​​Меј од говорот што го одржа во 2016 година додека беше секретар за внатрешни работи.

Твитот гласи: Верувам дека е јасно оти е наш национален интерес да останеме членка на Европската Унија”, и изгледа како да бил објавен на личниот профил на Меј на твитер. Билбордот ротира низ неколку екрани, а твитот се појавува цели 10 секунди од секоја минута.

Активистичката група одговорна за инсталацијата„Лед бај донкис” (Предводени од магариња)дејствуваше со беспрекорен тајмнин и поставеност: билбордот се појави само неколку часа пред состанокот на Меј во зградата „Берлејмон“ на Европската комисија, која е само неколку километри подалеку. Иако не е јасно дали Меј го видела исмевачкиот билбордпоради неговата големина и локација е невозможно да го промашите.

Реакциите на кампањата низ социјалните мрежи беа ентузијастички, а многумина ја пофалија групата за изведување на штосот додека Меј е во градот.

Иако „Лед бај донкис“ веќе е озлогласена за поставување неколку слични билборди во последниве месеци, вчерашниот билборд со антибрегзитскиот твит е најистакнат досега.

Треба да знаете
Последни објави