Реагирајќи по прес-конференцијата на опозицијата, СДСМ возвраќа дека пандемија на непотизам било 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции биле претворени во партиски агенции за вработување роднини, пријатели и сопартијци.
Владејачката партија порача ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, да побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење.
„ВМРО-ДПМНЕ е симбол на непотизам, а меѓу илјадниците примери, најкарактеристичен е примерот на Христијан Мицкоски кој од бројни професори на Машинскиот факултет, станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници. Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ. Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, започната е и истрага од страна на Државната комисија за спречување на корупција“, наведе СДСМ во реакцијата.
Во меѓувреме, додава СДСМ, веќе се преземани морални чекори, се случија неколку повлекувања од работни позиции поради морални причини, безразлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.