Австрија е заинтересирана за сигурно снабдување со енергија и ќе продолжи со промовирање на рускиот проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и покрај негативниот став на САД за ова прашање, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Курц во средата имаше средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
„Трамп јасно кажа дека САД се против овој проект, ние сме свесни за тоа. Ние го поддржуваме овој проект бидејќи сме заинтересирани за сигурно снабдување со енергија за Австрија. Впрочем, постои некој вид договор за овој проект во Европа и ние ќе продолжиме да го промовираме овој проект “, рече Курц во интервју за австрискиот радиодифузер ОРФ.
„Купувањето гас од САД нема да биде проблем за нас, но се додека цената на Русија е подобра од американската, Русија е поатрактивна за нас како партнер за ова прашање. Верувам дека како поранешен бизнисмен , Трамп може да сфати дека тука имаме различни интереси”, истакна канцеларот.
„Северен тек 2″ е заеднички проект на рускиот гигант „Гаспром“ и пет европски компании. Негова цел е да доставува 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно во Европската
Унија. Проектот за гасоводот беше поздравен од некои земји во Европа, а други се спротивставија изразувајќи загриженост поради зависноста на Европа од Русија и намалената транзитна улога на Украина.