Хаос во Валенсија: Полицијата жестоко удри по навивачи на Селтик

Вечерва на „Местаља“ се игра реванш средбата од 1/16 финалето од Лига Европа помеѓу домашната Валенсија и Селтик.

Како што е обичај на сите натпревари кога играат големи тимови, присутни се и гостинските фанови на Селтик кои вчера допатуваа во шпанскиот град.

Сепак, гостите не беа љубезно пречекани, па си добија „дебел“ ќотек од шпанската полиција. На социјалните мрежи кружат видеа од тоа како полицијата ги напаѓа шкотските навивачи иако тие барем како што може да се забележи на видеата не прават некои немири.

На едно видео се гледа како фан на Селтик му вели на полицаецот дека тој не прави ништо, но и покрај тоа доби некој пендрек по телото…

Треба да знаете
Последни објави