Јувентус има голем предизвик да ја надополни разликата од 2:0 на Атлетико Мадрид во реваншот во Торино, но „уште не е мртво“, тврди тренерот Масимилијано Алегри.
Јуве беше „покосен“ со два гола во финишот на мечот на Уругвајците Хозе Хименез и Диего Годин, откако претходно беше „спасен“ со одлука на ВАР, кој го поништи голот на Алваро Мората против поранешниот тим. Алегри смета дека Атлетико го „натерале“ Јувентус да игра лошо.
„Второто полувреме беше грдо, направивме грешка што тргнавме по нив. Атлети се многу добри да го пуштат натпреварот без да шутнат на гол. Ризикувавме загубени топки и во второто полувреме бевме слаби. Тие нè изненадија со својата агресивност, но имаме шанси да направиме пресврт. Мораме да имаме верба, а нема потреба за плачење по истуреното млеко. Знаевме дека ќе биде тешко, дека Атлетико Мадрид те тера да играш лошо, со бавно темпо. Уште не сме мртви, како што не бевме мртви кога загубивме дома од Реал Мадрид со 3:0, а сега играме и пред нашата публика“, вели Алегри.
Реваншот се игра на 12 март, а пред тоа, „бјанконерите“ се соочуваат со Болоња во сабота пред големото италијанско дерби со Наполи.