Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбjорн Јагланд ја повика албанската опозиција да остане во Парламентот и предупредува за насилството, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Изразувајќи загриженост во врска со одлуката на опозицијата да се повлече од Парламентот, Торбјорн изјави дека „во демократијата законодавниот дом е прва инстанца во која треба да се дебатира и бара решение за политички прашања. Албанската опозиција не треба да го напушти Парламентот”.
Имајќи ги предвид протестите во Тирана најавени за денеска тој нагласи дека „сите партии треба да се воздржат од насилната реторика и немирите на улиците. Правото на собирање и демонстрации треба да се остварува мирно”.