Затворена е фабрика за производство на најпознатиот сладок крем во светот „нутела“Според светските медиуми, фабриката е затворена поради проблеми со квалитетот. Станува збор за дел од ланецот на Фереро во северна Франција. Во моментов инспекција се обидува да утврди што е причината за проблемот. Оваа фабрика произведува 600.000 тони нутела дневно, една четвртина од светското производство.
Фереро рече дека има доволно резерви и дека тоа нема да влијае врз продажбата.
(В.А.)