Директорот на болницата „8-ми септември“, Христијан Костов изјави дека кај екс-министерот, Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари.
„Детално е извршен преглед, вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.
Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24 часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.
Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.