Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери и од власта и од опозицијата
Роднините на функционерите и од власта и од опозицијата треба да се повлечат од своите работни места што ги добиле како резултат на влијанието на нивните блиски, изјави денеска Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација.
Тој на денешната прес-конференција рече дека со години алармирале за непотизам додека СДСМ бил во опозиција, но тогаш јавноста не била информирана како сега.
На прашање зошто СДСМ тоа сега го прави, откако избија бројните скандали со вработувањата на роднини на нивни функционери, Манчевски рече дека овие теми ги отвориле и кога биле во опозиција.
Во однос на анализата што се прави за начинот на вработувањата и дали имало непотизам и судир на интереси, министерот рече дека извештаите ќе ги доставеле до Државната комисија за борба против корупцијата.
Тој вети дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба, на раководните позиции, за што се подготвуваат нови законски решенија за кои ќе се консултираат експерти, невладини организации…