Министерот за здравство Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари, при што нагласи дека фокусот на министерството се младите лекари, за што се прави сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.
„Во текот на септември 2019 година ќе биде објавен нов конкурс за приватни специјализанти“, најави министерот Филипче.
Филипче нагласи дека Министерството за здравство ќе се обиде да обезбеди финансиски средства за исплата на дежурствата на сите специјализанти, како и придонеси за приватните специјализанти, а ќе продолжат разговарите со претставници на здруженијата да бидат инкорпорирани во наставно-научниот совет на Медицински Факултет, со цел заедничка соработка во подобрување на условите на специјализацијата и целокупната едукација.
Во следните две недели се договорени средби на министерот Филипче со Здруженијата, со цел зацврстување на соработката со институциите и реализирање на целите на специјализантите.