Најчестите митови поврзани со начинот на тренирање кај жените

Брзиот развој на интернетот и сличните технолошки изуми ги направија информациите лесно достапни за голем број луѓе, но истото важи и за дезинформациите. Во последните неколку години постојат многу погрешни мислења поврзани со тренирањето на жените.

 

1. За време на вежбањето мастите се претвораат во мускули

Мастите не се претвораат во мускули. Не е важно дали сте активни или не, мастите и мускулите се различен тип на ткиво. Ако една активна личност престане да вежба, мускулите евентуално ќе атрофираат и ќе станат помалку ефективни, а способноста на телото да согорува масти ќе биде загрозена. Кога луѓето ќе остават одреден режим на вежбање, често посегнуваат по диети кои резултираат со губење мускули и подоцна добивање на масти.

2. Жените во менопауза не смеат да вежбаат

Токму напротив, жените во менопауза треба да вежбаат. Менопаузата е совршено време за почеток на вежбање. Тренингот е многу повеќе од тоа да изгледате добро, туку и ќе се чувствувате добро. По менопауза потенцијалот за остеопороза значително се зголемува, а вежбањето ја зголемува густината на коските и ги подобрува рамнотежата и подвижноста. Кога вежбаат, жените имаат помалку симптоми поврзани со други болести како дијабетес, артритис и болести на срцето.

3. Жените ќе станат покрупни ако креваат тегови

Ова е една од најголемите невистини што денес се актуелни во фитнес круговите. Сите сме виделе фотографии од неверојатно мускулести жени чие тело потсетува на машки изглед. Тоа што мора да го сфатите е дека жените изгледаат така затоа што со години напорно тренирале и често користеле стероиди за го забрзаат растот на мускулите.

Треба да знаете
Последни објави