Парискиот суд во средата го казни швајцарскиот банкарски гигант УБС со 3,7 милијарди евра заданочна измама, што е рекорд за Франција,пренесува „Локал“. Банката беше осудена за нелегално помагање на француските клиенти да сокријат милијарди евра од француските даночни власти.
Судењето почна минатата есен по седумгодишна истрага започната кога неколку поранешни вработени излегоа со тврдења за незаконско однесување. Овој потег доаѓа откако властите во цела Европа почнаа акција против даночната евазија и сомнителните банкарски практики, поглобалната финансиска криза која избувна во 2007 година.
Притисокот на крајот ја принуди Швајцарија да ја прекине својата традиција на несоборивабанкарска тајна, приклучувајќи се на повеќе од 90 земји кои се согласија автоматски да споделат меѓу себе повеќе информации за клиентските сметки. Во случајот на УБС, француските власти утврдија дека повеќе од 10 милијарди евра биле чувани во тајност од даночните служби помеѓу 2004 и 2012 година.
Француското Националното финансиско обвинителство побара парична казна од 3,7 милијарди евра велејќи дека банката и нејзините директори биле свесни дека го кршат францускиот закон со незаконското помагање на клиентите да ги избегнат француски даноци.
Тие побараа и парична казна од 15 милиони евра за француската филијала на УБС и парични казни до 500.000 евра за шесте директори, меѓу кои и Раул Вејл, поранешен трет по ранг директор на УБС, и Патрик де Фајет, поранешен втор по ранг извршен директор за француски операции. Покрај тоа, адвокатите на француската држава, која е тужител во случајот, побараа отштета од 1,6 милијарди евра.
УБС, на која ѝ беше наложено да депонира 1,1 милијарда евра кауција, ги негираше обвиненијата и рече дека нејзините операции се во согласност со швајцарскиот закон