Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека „не е оптимист” по прашањето Велика Британија да ја напушти ЕУ со договор, предупредувајќи дека неуспехот во преговорите ќе биде економски многу скап.
– Ако не се постигне договор, што не можам да го исклучам како опција, тоа би имало катастрофални економски и општествени последици за Британија и ЕУ, тие мои напори се насочени кон тоа да се избегне најлошото. Но, не сум оптимист по прашањето за овој проблем, изјави Јункер, кој вчера се состана со британската премиерка Тереза Меј.