Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.Б.(20) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 19.01.2019 година, во периодот од 02.30 до 03.15 часот во Делчево, во казино каде пријавениот бил вработен, го деактивирал алармниот систем од сефот на покер апаратите и присвоил 248.000 денари од дневниот промет.