Тренерот на Рома, Еусебио ди Франческо, изјави дека разговорот за можноста „римската волчица” да биде предводена од сегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари, се бесмислени.
Тој додаде дека не е загрижен за шпекулациите за можна негова смена.
– Сари? Таквите разговори предизвикуваат нестабилност. Тие се бесмислени. Не ми е гајле за шпекулациите за Сари. Јас сум во постојан контакт со спортскиот директор на Рома, Мончи, изјави Ди Франческо.
Рома е на 5. место во италијанскиот шампионат, со 41 бод по 24. кола.