Мексико формираше Национална гарда

Мексиканскиот Сенат едногласно ја одобри идејата на новиот претседател Андрес мануел Лопес Обрадор за формирање Национална гарда.

Националната гарда ќе се состои од најподготвените припадници на безбедносните сили, вклучително и армијата. Таа ќе биде под одговорност на Министерството за внатрешни работи наместо за одбрана.

Се предвидува да запре употребата на мексиканската војска за гарантирање на редот и борба со криминалот, што е во сила од 2006 година.

– Ќе имаме орган кој ќе ја гарантира внатрешната безбедност, без да ги нарушува правата на граѓаните, изјави сенаторот Едуардо Рамирес. – Војниците треба да ги напуштат улиците на Мексико и да се вратат во касарните и воено-поморските бази, дополни сенаторот.

Треба да знаете
Последни објави