Повеќе од 40 работници на плантажа за чај во Индија, починале од токсичен илегален алкохол. Според информациите, околу 20 работници се наоѓаат во болница и се во критична состојба.
„Досега почина 41 човек по конзумирање на отровна течност“ изјави министерот за енергетика, Тапан Гогои, пренесе Ројтерс.
Хоспитализирани се уште 45 лица, а 20 се наоѓаат во критична состојба.
Смртни случаи од илегален алкохол кој локалното население го нарекува „хуч“, се чести во Индија, бидејќи многумина не можат да си дозволат алкохол од индустриско производство.